Францускиот премиер повика на одговорност поради зголемиот број заразени од коронавирус
Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите на одговорност, поради брзиот пораст на новозаразени од коронавирусот.
„Франција за последните 24 часа регистрира 5.429 нови случаи на зараза“, соопшти Агенцијата за јавно здравје на Франција, што претставува најголем број на новозаразени откако беа укинати мерките на изолација и откако се тестираа масовно.
Последен пат кога имаше толку многу заразени беше во средината на април, а за споредба со вторникот бројот на новозаразени се зголеми за 60 отсто. Прагот од 4.000 заразени беше надминат неколку пати изминатите денови.
Агенцијата за јавно здравје на Франција не прецизира колку лица се хоспитализирани и колку се починати.
Во вторникот на болничко лекување се наоѓаа 4.600 лица поради инфекција со Ковид-19 од кои 410 на реанимација, бројки многу далеку од врвот на епидемијата. До вчера од вирусот починале вкупно 30.544 лица.
Ново на Сител
-
Приведен жител на Чегране баран со потерница
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
Приведен дилер во Скопје
-
ЦУК: Вкупно 1.568 повици на 112, 61.29 отсто од нив категоризирани како реални
-
Ден на Македонската револуционерна борба , 23 Октомври, неработен за сите граѓани
-
Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател
-
Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година
-
Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет