Францускиот премиер Mануел Валс го поздрави ликвидирањето на Абауд

Францускиот премиер Мануел Валс го поздрави ликвидирањето на исламистот Абделхамид Абауд, за кого се претпоставува дека е организаторот на терористичките напади во Париз, на 13 ноември, пренесоа француските медиуми.
- Абауд, мозокот на овие атентати или поточно еден од мозоците, затоа што за ова прашање треба да бидеме особено претпазливи во искажувањњата, е меѓу убиените во вчерашната акција на полицијата изведена во Сен Дени, рече Валс во францускиот Парламент.
Претходно денеска обвинителот на Париз, Франсоа Моленс, изјави дека телото на Абауд, најдено во куќата, што вчера беше нападната од специјалните полициски сили во Сен Дени, било официјално идентификувано.
Истовремено, тројца полициски претставници изјавија дека жената, која вчера се разнесе со експлозив за време на операцијата во Сен Дени, е братучетка на Абауд, пренесоа американските медиуми.
Хасна Ајтбуласен го активирала коланот со експлозиви, откако претходно разменила неколку збора со полицајците кои го опколиле нејзиниот стан, во кој биле таа и Абауд, раскажуваат полициските извори.
Трупот се уште не е официјално идентификуван затоа што бил многу уништен во ексолозијата и дел од нејзиното тело дури бил пронајден врз полициското возило пред куќата, во која таа се саморазнесе.
Ова е прв случај во Франција жена-самоубиец да се саморазнесе, потсетуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
