Францускиот Парламент ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот
Францускиот Парламент доцна синоќа ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот, по викендот за време на кој се одржаа протести против таа обврска низ целата земја.
Долниот дом на Парламентот со 156 гласа „за“, 60 „против“ и 14 воздржани го усвои текстот за задолжителна санитарна пропусница за влез во ресторани и превоз, како и за задолжителна вакцинација на здравствените работници.
Горниот дом, Сенатот, веќе усвои текст претходно, за кој многумина сметаат дека ја ограничува слободата.
Според усвоениот текст, нема да има отпуштања на лица кои не се согласуваат на задолжителна вакцинација против коронавирусот. Сепак, на тие вработени им се заканува суспензија на плата.
Вакцината е задолжителна за медицинските работници, пожарникарите и оние кои работат со стари лица, додека санитарната пропусница (ковид-пасош), односно доказ за вакцинација, прележан вирус или негативен тест за коронавирус, ќе биде задолжителна за кафулиња, ресторани, саеми и патувања со авион и воз.
За тој текст треба да расправа Уставниот совет на Франција. Во исто време, властите продолжуваат да промовираат вакцинација. Речиси 60 проценти од населението примило едина доза од вакцината против Ковид-19.
Ново на Сител
-

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0
-

Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
