Свет
30. September 2016 - 10:00

Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ тргна во Ирак

Францускиот носач на авиони „Шарл дел Гол“ тргна денеска во воена операција против Исламска држава на територијата на нејзиното засолниште во Мосул, изјавија воени претставници.

Носачот на осум авиони „Шарл де Гол“, тргнал преку источниот Медитеран.

Ова е трета воена мисија на носачот на авиони „Шарл де Гол“ од февруари 2015 година во рамки на поддршката на коалицијата, предводена од САД во борбите во Ирак и Сирија против ИД.