Француски кошаркар во Кина казнет бидејќи не гледал во знамето за време на интонирање химна

Француски кошаркар, поранешен играч во НБА е осуден и казнет со 1.400 американски долари од спортски претставници во Кина зашто не го гледал во кинеското знаме за време на интонирање на националната химна пред натпревар.
Играчите во кинеската кошаркарска асоцијација (ЦБА) треба да гледаат во националниот симбол за време на химната, но на телевизиските слики се покажа дека Гуершон Јабуселе, кој игра за Нанџинг Тонгџи Манки Кинг, имаше глава надолу пред натпревар во петокот.
На Јабуселе му беше изречено „сериозно предупредување“ и парична казна од 10.000 јуани за не гледање во знамето како што се бара, се вели во соопштението на ЦБА
Јабуселе, кој играше во Бостон Селтикс две сезони пред да се приклучи на тимот на ЦБА оваа година, не го коментираше инцидентот.
Кинеската Влада ја засили промоцијата на патриотизмот за време на претседателот Си Џинпинг, со закон одобрено во 2017 година за казнување на секој што не ја почитува националната химна со казна затвор до три години.
Минатата година на бразилски играч од фудбалскиот клуб Шандонг Луненг, Диего Тардели, му беше изречена забрана за играње на еден натпревар заради триење на лицето за време на интонирање на химната пред натпревар.
Ново на Сител
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
