Свет
23. November 2015 - 14:53

Француски авиони-ловци полетаа од бродот-носач „Шарл де Гол“ кон зоните контролирани од ИД

Француски авиони-ловци полетаа денеска од бродот-носач „Шарл де Гол“ во источниот дел на Средоземното Море, започнувајќи ги своите први мисии над зоните контролирани од групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија, соопштија француски воени извори.

Засега нема информација дали станува збор за разузнавачки летови или за борбени мисии.

На бродот-носач „Шарл де Гол“, кој е придружуван од француската фрегата за противвоздушна одбрана „Шовалие Пол“, како и од бродот за борба против подморници „Ла Мот Пике“, се наоѓаат 26 авиони-ловци, од кои 18 „Рафал“ и осум „Супер Етандар“, два авиона за воздушно набљудување „Хоукаи“, како и три хеликоптери.