Француска продукциска куќа најави можност да снима филм во Македонија
Француската филмска продукција „2017“ со седиште во Лион и „М дигитал“ од Лондон најавија можност за снимање филм во Македонија.
Како што денеска соопшти Министерството за култура, нивните извршни директори на средбата со министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска што се реализираше при посетатата на Париз, изразиле подготвеност да ги снимаат своите следни филмски проекти на локации во Македонија.
Од француската продукција потврдиле дека на 17 овој месец ќе ја посетат Македонија со цел да остварат средби со надлежните институции и филмски работници. За време на престојот, планирано е да посетат и повеќе места кои би можело да бидат потенцијални локации за снимање на нивните филмски проекти. Продуцентите од Франција изразиле интерес и за проектот за изградба на филмско студио, за кое веќе е обезбедена локација во општина Зелениково.
Министерката за култура ги информирала француските продуценти за заложбите на Владата во областа на филмската дејност и за измените на Законот за филмска дејност со кој значително е олеснета соработката со странските продукциски куќи кои се заинтересирани да снимаат во Македонија.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово