Франција во 2016 година спречи 24.000 кибер напади врз одбранбениот систем
Во 2016 година спречени се 24.000 кибер напади врз фрацускиот одбранбен систем, што претставува „удвојување на нападите секоја година“ изјави министерот за одбрана, Жан Ив Ле Дриан во интервјуто за „Журнал ди Диманш“.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Дриан посочи дека откако ја презел функцијата во 2012 година, а особено во последните три години, кибер заканата стана поголема, поради што е ангажирана и француската армија.
Извештајот на американските разузнавачки служби ја обвини Русија дека се извор на хакерски криминал против демократите за време на претседателските избори.
На прашањето дали Франција е безбедна од слични напади, министерот за одбрана одговори:
- Не смееме да бидеме наивни. Не може да се исклучат операции од иста природа како оние забележани во САД, со цел да го нарушат францускиот изборен процес, наведе Дриан.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат во април и мај оваа година.
- Обидите за кибер напади врз мојата служба (одбраната), се удвојуваат секоја година, посочи министерот, прецизирајќи дека во 2016 година, 24.000 надворешни напади биле блокирани од страна на фрацуските безбедносни служби.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје