Франција, Велика Британија и Германија повикаа за итни акции за кризата со мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Франција, Велика Британија и Германија, Бербар Казанов, Тереза Меј и Томас де Мезиер повикаа за итна средба на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од Европската унија поради кризата со мигрантите.
Тројцата министри сметаат дека средбата треба да биде организирана во следните две недели.
Во заедничката изјава по нивната тристрана средба вчера во Париз надвор од официјалната програма на средбата на министрите на девет европски земји, тројцата министри ја потенцираа неопходноста од преземање итни мерки заради континуирано справување со постојаниот прилив на имигранти.
Тие повикаа специјално за создавање до крајот на годината во Грција и во Италија на центри за имигрантите, во кои ќе се утврдува дали тие се бегалци или нелегални економски имигранти.
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
