Франција предупредува: Некои лекови можат да ја влошат состојбата на болни од Ковид-19
Францускиот министер за здравство Оливие Веран предупреди дека лекови што содржат нестероидни средства како што се ибупрофен и кортизон можат да ја влошат состојбата на пациентите со коронавирус.
Такви се, на пример, најчесто користените Нурофен и Диклофенак (го има во лекови за болки во мускулите, како Волтарен). При покачена температура само лекови што содржат парацетамол треба да се користат без да се надминат пропишаните дози, објави Фигаро.
Француското Министерство за здравство објави и список на непрепорачани производи.
Здравствените власти велат дека е познато дека антиинфламаторните лекови претставуваат ризик за лицата со заразни болести бидејќи имаат тенденција да го намалат одговорот на имунолошкиот систем на организмот.
Министерството за здравство препорачува пациентите да примаат парацетамол затоа што „тоа ќе ја намали треската без да има потенцијално лоша реакција на воспалението“.
Веран додаде дека 98 отсто од заболените од новиот коронавирус оздравеле.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар