Франција не поканила официјална руска делегација на одбележување на „Денот Д“
Русија тврди дека Франција не поканила официјална делегација од Москва да присуствува на комеморација по повод истоварувањето во Нормандија.
– Поканата ниту по форма ниту по содржина немаше доаѓање на официјална делегација од Москва изјави синоќа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Русија на комеморацијата во Нормандија ќе биде претставена од дипломат од Руската амбасада во Париз.
– Приодонесот на сојузниците во победата над Третиот рајх е јасен. Но, тоа не треба да преувеличува и на тој начин да се намалу значењето на титанските напори на Советскиот Сојуз, без кој победата едноставно не би постоела, истакна портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Таа оддавајќи им признание на загинатите, го осуди „катастрофалното прекројување на историјата“ во филмовите и медиумите, во кои САД и сојузниците имаат клучна улога во поразот на нацистичка Германија.
– Истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија немаше одлучувачко влијание врз исходот од Втора светска војна туку беше предодреден со победата на Црвената армија, пред се во битките за Сталинград и Курск, посочи Захарова.
Комеморација по повод 75-годишнината од сојузничката инвазија во Нормандија во Втората светска војна вчера се одржа во Портсмут, јужна Англија. На церемонијата присуствуваа 300 ветерани и британската кралица Елизабета Втора, американскиот претседател Доналд Трамп и лидери на земји воени сојузници како и германската канцеларка Ангела Меркел.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години