Франција најави создавање команда на вселенски сили
Францускиот претседател Емануел Макрон во предвечерието на националниот празник на Франција – 14 јули, обраќајќи и се на армијата во Министерството за одбрана, најави создавање команда на национални воени вселенски сили, што ќе биде дел од воздухопловните сили на Франција, јави дописникот на МИА.
– За да се гарантира развојот и зајакнувањето на нашиот капацитет во вселената, во септември ќе биде создадена Врховна команда за вселената, рече Макрон пред војниците и офицерите во Министертвото за одбрана во хотелот Де Бриен.
Макрон зборуваше за „новите зони на конфронтации“, како што се вселената и кибер просторот, а според него тоа се „вистински проблем за националната безбедност“.
– Новата вселенска и воена доктрина, која ми беше предложена од Министерството за одбрана, ќе ни овозможи да ја гарантираме нашата заштита во вселената. Ќе ги засилиме знаењата за ситуацијата во вселената, ќе ги заштитиме подобро нашите сателити, додаде тој.
Франција има план за воени трошоци за 2019-2025 година, издвојувајќи 3,6 милијарди евра за одбраната во вселената. Ова вклучува обновување на комуникациските сателити за набљудување, пуштање во орбитата три сателити за електромагнетно набљудување на ЦЕРЕС и модернизација на системот за просторен радар за следење, наречен ГРАВЕС.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања