Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел

За да го зачува својот социјален модел, Франција мора да прифаќа илјадници работници мигранти годишно, според извештај објавен денеска од левичарскиот тинк-тенк „Тера Нова“.
Франција, која има сè постаро население, ќе мора да продолжи да прифаќа странски работници ако сака да ја одржи својата економска активност и да го зачува својот социјален модел, се наведува во извештајот, според „Фигаро“.
Според анализите на овој истражувачки центар, за да се одржи поволен сооднос помеѓу бројот на вработени и невработени (односот на активното и неактивното население) и да се обезбеди „одржливост на социјалниот систем“, Франција треба да прима околу 310.000 имигранти годишно до средината на 21 век.
За споредба, според податоците од француската статистичка служба (Insee), Франција примила 331.000 имигранти во 2022 година.
- Без странски работници, нашата економија би пропаднала, нагласуваат авторите на извештајот, истакнувајќи ја клучната улога на имигрантите во одредени сектори.
Имигрантите се застапени во голем број професии со недостиг на работна сила, како што се негуватели и домашни помошници, градежни работници и хигиеничари.
Овој тренд не се однесува само на нискоквалификувани работни места: еден од пет лекари што работат во Франција дипломирале во странство. Заклучоците од извештајот се базираат на податоци дека француското население старее, додека стапката на наталитет се намалува, што предизвикува влошување на односот помеѓу работното и пасивното население, што претставува закана за социјалниот модел на земјата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
