Франција конфискува иранско оружје и противтенковски ракети наменети за Јемен

Француските поморски сили минатиот месец конфискувале илјадници парчиња автоматско оружје, пушки и противтенковски проектили во Омански Залив, кои доаѓале од Иран и биле наменети за јеменските бунтовници Хути.
Иако Иран негира вмешаност, фотографиите од оружјето објавени од американската армија покажуваат дека тоа е слично на она што го запленија американските сили во други пратки поврзани со Техеран.
Оружјето било конфискувано на 15 јануари во Омански Залив. Вооружените сили на САД соопштија дека конфискацијата се случила „на рути кои во минатото биле користени за нелегална трговија со оружје од Иран до Јемен“.
Ембаргото за оружје на ОН забранува снабдување со оружје на Хутите поддржани од Иран, кои го зазедоа главниот град на Јемен кон крајот на 2014 година. Хутите војуваат со коалицијата предводена од Саудиска Арабија од март 2015 година, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник
-

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган
-

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај
-

Приведен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството
-

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја изземе од санкциите за руската нафта
-

Рокас: Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување, сакаме да ја видиме Северна Македонија како го искористува овој момент
-

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција
