Свет
4. April 2018 - 18:41

Франција ја продолжи контролата на границите до крајот на октомври

Франција ја извести Европската комисија дека ќе ги продолжи граничните проверки до крајот на октомври, поради постоечката терористичка закана.

- Оваа недела добивме известување од Франција за ново шестмесечно продолжување на контролите на границите, изјави за АФП портпарол на Европската комисија.

Франција воспостави контрола на своите граници по нападите во Париз на 13 ноември 2015 година, при што беа убиени 130 лица. Оттогаш Франција го продолжува рокот на шест месеци, а сегашното продолжување трае до 30 април.

Според правилата на Шенген зоната, безбедносните контроли не бараат формално одобрување од Еврокомисијата, за разлика од контролите кои се воведени привремено заради миграцискиот бран. 

Ново на Сител