Франција ја порази Германија на „Алијанц арена“
Франција триумфира вечерва над Германија на „Алијанц арена“ во Минхен со минимални 1:0 (1:0) во последниот натпревар од првото коло во групната фаза на ЕУРО2020.
Победата на Французите, кои никогаш досега не загубиле воведен натпревар на европските првенства, им ја донесе Матс Хумелс со автогол во 18. минута.
Франција беше блиску до удвојување на предноста во 52. минута кога обидот на Адријан Рабио заврши во стативата, а набрзо потоа Серж Гнабри на спротивната страна пропушти колосална шанса за израмнување на резултатот.
Килијан Мбапе и Карим Бензема во завршните 25 минути ја сместија топката во германската мрежа, но и двата гола беа поништени поради офсајд.
ЕУРО2020 продолжува утре со воведниот натпревар од второто коло во групата Б меѓу Финска и Русија (15 часот), по што ќе се комплетира второто коло во групата А со пресметките меѓу Турција и Велс (18 часот) и Италија и Швајцарија (21 часот).
Ново на Сител
-

Мирно и без инциденти на комеморативниот собир во Нови Сад
-

Црногорската полиција уапси двајца Азербејџанци за инцидентот што предизвика насилства низ земјата
-

Македонските ракометари поразени од Јапонија
-

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива
-

Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети
-

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен
-

При претрес во охридско пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект
