Франција и Романија сакаат да го олеснат украинскиот извоз на жито
Франција и Романија утре ќе потпишат договор за олеснување на извозот на жито од Украина по копнен пат, изјави денеска францускиот помошник министер за транспорт Клемент Бон.
– Утре (понеделник) ќе потпишам договор со Романија за да и дозволиме на Украина да извезува повеќе житарици, изјави Бон за француските медиуми.
Според него, житаркиците ќе одат „во Европа и земјите во развој, особено во Медитеранот“.
Изјавата на Бон доаѓа два дена откако Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин планира да разговара со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган за договорот за извоз на украинско жито.
Договорот постигнат на 22 јули во Истанбул овозможи деблокирање на украинскиот извоз на пченица и пченка, кој дотогаш беше отежнат од руската инвазија на Украина.
Сепак, руските власти велат дека нивниот сопствен извоз на храна и ѓубрива продолжува да страда поради западните санкции наметнати поради нивната инвазија на Украина.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик