Тенис
17. July 2016 - 16:56

Франција и Аргентина се пласираа во 1/2-финалето на Дејвис купoт

Репрезентациите на Франција и Аргентина се пласираа во полуфиналето на Дејвисовиот тениски куп.
 
По денешните сингл мечеви, Триколорите веќе имаат недостижни 3-1 во победи против Чешка откако Жо Вилфред Цонга во 4 сета беше подобар од Јири Весели 4:6, 7:6, 6:4 и 7:5. 
 
Водство од 3-1 има и Аргентина на гостувањето кај Италија, а третата победа на Гаучосите им ја донесе Федерико Делбонис кој со 3-1 во сетови го совлада Фабио Фоњини.
 
Во Белград, каде Велика Британија има предност над Србија со 2-1 во победи се игра четвртиот меч меѓу Душан Лајовиќ и Кајли Едмунд. 
Вечерва и селекцијата на САД  ќе стартува со предност од  2-1 против Хрватска по мечевите од првите два дена.