Франција го повлече својот амбасадор од Турција
Франција го повлече својот амбасадор во Турција на консултации, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека францускиот претседател Емануел Макрон треба да го провери своето ментално здравје.
Француската Влада ги оцени тие коментари како неприфатливо непристојни.
Ердоган вчера жестоко го критикуваше односот на Макрон кон муслиманите и го доведе во прашање неговото ментално здравје.
– Се што може да му се каже на шефот на државата кој на тој начин третира милиони припадници на различни верски заедници е – прво испитајте го своето ментално здравје, рече Ердоган.
Пред две недели, турскиот лидер ја осуди како провокација изјавата на Макрон за „исламски сепаратизам“ и потребата од „структурирање“ на исламот во Франција.
Предлог-законот за борба против „сепаратизмот“ во Франција, насочен кон радикалниот ислам, треба да биде доставен до Парламентот на почетокот на декември. Целта е да се зајакне секуларноста.
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата