Франција го одбрани олимпиското злато во одбојка

Француската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак, откако попладнево во финалето на Игрите во Париз ја совлада Полска со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23).
Жан Патри беше најефикасен француски одбојкар со 17 поени, а ветеранот Бартош Курек со 10 поени ја предводеше Полска.
За Французите ова е втор олимписки медал и втор златен. Освен тоа, Франција стана третата репрезентација која успеала да го одбрани златото во машка одбојка, по СССР (1964, 1968) и САД (1984, 1988).
Од друга страна, актуелниот европски првак Полска го освои вториот олимписки медал, а прв по пауза од 48 години и златото од Монтреал во 1976 година.
Бронзата ја освои селекцијата на САД која во петокот ја совлада Италија со 3-0 (25-23, 30-28, 26-24).
Ново на Сител
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
