Франција ги повлекува амбасадорите во САД и Австралија на консултации
Франција соопшти дека одлучила да ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, откако Австралија постигна договор со САД и Велика Британија, со кој заврши спогодбата за набавка на подморници од Франција вредна 40 милијарди долари.
Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан нагласи во соопштението дека ретката одлука донесена од францускиот претседател Емануел Макрон се должи на сериозноста на случувањето.
САД, Австралија и Велика Британија одлучија да достават нови нуклеарни подморници за Австралија.
Трите земји објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Индо-пацифичкиот регион и во таа смисла ќе и помогнат на Австралија да набави американски подморници со нуклеарен погон, поради што Австралија ја откажа нарачката од Париз од 40 милијарди долари за набавка на француски подморници.
Франција остро реагираше на веста за откажувањето на нарачката од Австралија, а министерот за надворешни работи, Ле Дриан, оцени дека со таа одлука Австралија „и забодела нож во грб на Франција“.
Ново на Сител
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“