Франција даде зелено светло за употреба на тестови на плунка, но само во случај на симптоми од Ковид-19
Тестовите на плунка може да се користат за откривање на зарази со Ковид-19, но само кај луѓе со симптоми, според мислењето на Високиот здравствен орган на Франција, јави дописникот на МИА.
Високиот здравствен орган не ги препорачува овие тестови за луѓе без симптоми, кај кои „би пропуштил повеќе од 75 отсто“ од зарази поради недоволна ефикасност, посочи професорот Доминик Ле Гулудек, претседател на Колеџот на Високиот орган за здравство, за време на онлајн прес-конференција.
-Ние советуваме да резервираме (тестови на плунка) во приоритет за оние за кои тестот во носот е тежок, додаде професорот Ле Гулудек. Меѓу нив, кај деца кои имаат ринитис и одат на лекар, кај многу стари лица или оние кои имаат ментални нарушувања, рече тој.
Тестот за плунка бара „плукање во туба“: тоа „може да се направи во општа медицина, може да се направи дома, исто како тест на урина за да се однесе во лабораторија“, смета професорот Ле Гулудек. Еден полесен, побрз и помалку непријатен гест од референтниот примерок од брисеви земен од ноздрите, односно тестот ПЦР.
Студиите беа започнати ова лето, вклучително и студијата Ковизал во Гвајана, за да се провери дали вирусот се наоѓа во доволно количество во плунката, за да може овој вид тест да биде сигурен.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 19, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати