Франција брои 833 смртни случаи од корона вирус во еден ден
Вкупиот број на смртни случаи кај пациенти позитивни на коронавирусот во Франција изнесува 8.911, а бројот на заразени 98.100, според последните вчерашни статистики.
„Уште не сме стигнале до пикот на епидемијата“, предупреди министерот за здравство Оливие Веран.
Според вчерашните статистички податоци од француското Министерство за здравство, во болниците починале 605 пациенти во 24 часа, а уште 228 биле регистрирани во старечките домови. И двете бројки бележат зголемување од 10% во споредба со претходниот ден.
„Не само што не е завршено, туку е далеку од крај. Бројките го покажуваат тоа. Останете дома и придонесете за напорите за зауздување на заразата“, апелираше Веран.
Има и добра вест од Франција - сосема благо е покачен бројот на пациенти со COVID-19 на интензивна нега, за 1,3% и изнесува 7.072.
Веран исто така рече дека Владата ќе почне „обемна операција“ за скрининг во старечките домови од каде доаѓаат 27% од смртните случаи.
Вчера и Италија имаше висока бројка на почнати пациенти со COVID-19, но исто така имаше и најмал број на новозаразени. Добрата вест е што Шпанија регистрираше намалување на бројот на смртни случаи четврти ден по ред.
Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, изјави дека пандемијата е најголемиот предизвик со кој досега се соочила Европската Унија и дека нејзината влада е подготвена да придонесе кон економската помош за целиот блок.
Ново на Сител
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации