Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина
За време на тековната Конференција на ОН во Њујорк, неколку држави планираат официјално да ја признаат палестинската држава. Овој настан се одвива пред годишното собирање на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации, пренесува ДПА.
Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на конференцијата на ОН, заедно со Саудиска Арабија. Конференцијата започнува во 15 часот (19 часот по Гринич), со цел да се поттикне решението за две држави.
Освен Франција, Белгија и Нов Зеланд најавија или навестуваат планови за признавање на Палестина, и покрај жестокото противење од страна на Израел, известува ДПА. Велика Британија, Канада и Австралија го презедоа овој чекор вчера, станувајќи првите значајни западни економии што ја признаа палестинската државност.
На денешната конференција свои обраќања ќе имаат и британскиот премиер Кир Стармер и канадскиот премиер Марк Карни, објавува германската агенција. Земјите учеснички имаат намера да ја одржат жива надежта за дипломатско решение, кое предвидува палестинска држава покрај Израел.
Критичарите предупредуваат дека притисокот врз Израел може дополнително да ги заостри тензиите. Израел и неговиот сојузник, САД, ја бојкотираат конференцијата. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, ќе присуствува како поддржувач на решението за две држави, иако Берлин моментално се противи на формалното признавање на Палестина.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе учествува преку видео врска, откако администрацијата на Трамп му одби виза, потсетува ДПА. Годишната Генерална дебата на ОН започнува утре, а се очекува присуство на околу 150 шефови на држави и влади.
МИА
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри