-->
-->
Франција 2017: Миркуловски на тренинг, Македонија треба да освои еден бод
-->
Македонската ракометна репрезентација на слободниот ден попладнево го одработе предвидениот тренинг, а заедно со репрезентацијата тренираше и Филип Миркуловски. Тој по вчерашната повреда се чуствува подобро.
- Сега ми е многу подобро во однос на тоа како ми беше вчера, по незгодниот пад. Прегледите покажаа дека не е сериозно. За натпреварот со Шпанија неизвесно е дали ќе настапам, но против Исланд сигурно ќе бидам во составот. Тоа ќе биде најважниот натпревар за нас на овој шампионат бидејќи може да ни донесе полесен ривал во осминафиналето, односно да ја избегнеме Франција која е апсолутен фаворит, изјави Миркуловски.
Стручниот штаб заедно со играчите денешниот слобдоен ден го искористија да направат и детална анализа на вчерашниот дуел и пораз од Шпанија. Селекторот Лино Червар истакна дека ќе се оди чекор по чекор и дека првин ќе се размислува на дуелот со Шпанија која е фаворит, а дури потоа ќе се мисли на Исланд. Червар надополни дека сака сами да ја решаваме судбината и да не чекаме на другите селекции, но дека ако Словенија остане непоразена со Тунис тогаш по растеретено ќе може нашата репрезентација да игра на последните два дуела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За Филипче заемот од 6 милјарди евра е непатриотски, за Мицкоски - Трансформационен за иднината на државата
-
Таравари го отвори пратеничкиот трансфер пазар
-
Партиите се подготвуваат за локалните избори, Мицкоски и Филипче убедени во победа
-
Вандализиран меморијалот за жртвите во Пулс
-
18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување - По 43 години, најави за реновирање на кочанската болница
-
Со електронски алки за следење ќе се намалува бројот на затвореници
-
Муртезани: Очекувам да расте бројот на пратеници
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари