Франција 2017: Ангола втор противник на Македонија
Македонската ракометна репрезентација по вчерашниот слободен ден вечерва во Мец го игра вториот натпревар од Б групата на Светското првенство што се игра во Франција. Противник ни е селекцијата на Ангола, која на стартот загуби од Словенија. На вчерашниот тренинг поради повреда го немаше Велко Маркоски и неговиот настап е неизвесен, додека Дејан Манасков тренираше со намален интензитет.
- Мислиме на вториот ривал Ангола. Проблем ни се повредите Велко Маркоски и Дејан Манасков. Велко Маркоски е важен играч за нас особено во одбраната 5-1 не е исто дали е тој или Талески. Со Тунис моравме да ја играме и одбраната 6-0. Имаме и Б комбинација, но не е исто. Манасков има поверда на зглобот, има оток. Ќе гледаме делови од нивниот дуел со Словенија и ги гледавме во полуфиналето на афрканското првенство каде играат многу подобро. Можеби им влијае и промената на климата. За нас е најопасно, ако се опуштиме, одмие чекор по чекор, најмногу се плашиме од самите себе. Треба да се игра со најдобрите, а потоа може да им се даде шанса на другите, изјави селекторот на Македонија Лино Червар.
Натпреварот Македонија – Ангола е последен од денешната програма во групата Б и почнува во 20:45 часот. Претходно играат Словенија – Исланд (почеток 14:45 часот) и Шпанија – Тунис (почеток 17:45 часот).
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска