ФПСМ ќе прави детална анализа за загинатите планинари: Семејствата заслужуваат да ја знаат вистината за трагичниот настан
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија формира специјална комисија која ќе ги анализира околностите под кои загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски.
Во соопштението објавено на нивната веб страницата се истакнува дека комисијата е составена од нивни членови и експерти кои по добивањето на сите релевантни податоци од надлежните институции во Македонија и Грција и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција, ќе направат детална анализа.
– Од огромна важност за Федерацијата ќе биде да се направи темелна анализа за трагичниот настан. Болката и тагата за прерано згаснатите животи не може да се надомести со ништо, но вистината за трагичниот настан заслужува да ја знаат семејствата, планинарите и нашите членови. Во меѓувреме сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции, се вели во соопштението.
По добиените официјални информации и сознанија, ФПСМ ќе излезе со свој став за овој немил настан.
Семејствата за загинатите вчера преку писмо изразија сомневање во професионалноста на организаторите на турата и бараа одговорност.
Двајцата планинари загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.
Ново на Сител
-
Дигитализација на македонското земјоделско производство
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Приштина со протест нота за Скопје по случајот со Османи - МНР изрази жалење за настанот
-
Одбележувањето на Илинден го привлече вниманието на грчките медиуми, честитка испрати и Радев
-
Фрижидерите во ИЈЗ под клуч – ќе се знае кој влегува и зема реагенси!
-
Чадот од пожарите во Охридско се чуствува во градот
-
Шест пожари беснеат низ Македонија