Фотографија од сообраќајна несреќа која го возбуди интернетот
Американецот Саул Вазкез, кој работи како возач на камион, сними несекојдневна фотографија, која предизвика „потрес“ на социјалните мрежи.
Имено, возејќи го својот камион низ американската сојузна држава Кентаки, Вазкез наишол на сообраќајна несреќа и го фотографирал настанот со својот мобилен телефон. Но, кога ја видел фотографијата забележал дека над местото на настанот се „крева“ сенка во форма на човек.
Вазкез веднаш ја објавил фотографијата на Фејсбук и под неа напшишал: „Ова го фотографирав пред неколку минути на место каде што се случи сообраќајна несреќа. Зумирајте ја и обрнете внимание на необичната сенка над полицаецот“.
Фотографијата почна со голема брзина да се шири низ социјалните мрежи со најразлични оценки, од тоа дека Васкез го фотографирал „моментот кога душата го напушта телото“, па до такви дека станува збор за фотомонтажа.
Васкез меѓутоа е дециден дека фотографијата е автентична и дека ја објавил онака како што ја фотографирал.
Инаку, во извештаите на локалните медиуми за несреќата, се наведува дека до неа дошло кога автомобил удрил мотоциклист, кој се здобил со сериозни повреди и бил пренесен в болница, каде подоцна починал.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари