Фотографии од пожарите во Австралија од Вселената
Разорните пожари и огромни количини чад во Австралија регистрирани се и од сателитите на илјадници километри над Земјата.
Причината за пожарите во кои досега загинаа 20 луѓе се високите температури и силниот ветер, а експертите веруваат дека тоа се должи на климатските промени предизвикани од човековото однесување, а пред се од неконтролираната емисија на штетни гасови.
Според последните проценки, пожарот во источна Австралија проголта повеќе од 14 милиони хектари земја, уби околу половина милијарда животни и расели стотици илјади луѓе, објави „Бизнис инсајдер“.
На фотографии од Вселената може да се види чад на небото од половина од Европа до Нов Зеланд.
Фотографиите се направени преку сателитот на јапонската метеоролошка агенција Химавари-8, што се движи околу истата точка на Земјата на надморска височина од речиси 36.000 километри.
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои