ФОТО: Кандидатот за градоначалник Павлов, на средби со граѓани и на отварање на штабот на УМС во Виница
Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Павлов продолжува да ја промовира својата програма за наредните четири години во оваа општина.
Како што велат виничани, тој има голема доверба кај граѓаните и очекуваат голема победа на Павлов уште во првиот круг.
Покрај средбата со граѓаните од овие две села, Павлов беше и во посета на Градскиот пазар во Виница, каде имаше средби со продавачите, каде ги слушна нивните барања и потреби за наредниот период. Покрај средбите со продавачите, тој имаше средби и со граѓаните со кои беа таму во тие моменти.
Во агендата на активности на Мартин Павлов, беше и посетата на отварањето на новиот штаб на УМС Виница. Младите од Виница порачаа дека се позади Павлов, бидејќи сметаат дека тој е единствениот човек кој може да ја носи Виница напред. Тие порачаа и дека очекуваат голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.
Ново на Сител
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата