Форумот за зелени работни места и еколошко образование
Изградбата на нови згради по нов стандард за енергетска ефикасност и надградбата на стари згради во Македонија се предвидува до 2030 година да отвори 3.500 нови работни места.
Потребата од зајакнување на средното стручно образование, состојбата на пазарот на труд и предизвиците со кои се соочуваат градежните компании од аспект на работна сила беа тема на Форумот за зелени работни места и еколошко образование кој се одржа денеска во Скопје, во организација на „Гоу Грин“ Скопје.
Според Александар Трпковски од „Гоу Грин“, стручното образование е предуслов за успешна имплементација на европските директиви и стандарди за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
- ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија, и соодветните директиви, нема да можат успешно да се имплементираат доколку немаме доволен стручен кадар. Затоа е многу важно да се зголеми атрактивноста и квалитетот на стручното образование за да поттикне интерес кај младите луѓе да го изучуваат. Со нашата иницијатива изработивме програми за слободни часови за градежната, машинската и електротехничка струка во средните стручни училишта кои се надеваме ќе побудат желба кај младите повеќе да ја изучуваат енергетската ефикасност, изјави Трпковски, се вели во соопштението на „Гоу Грин“.
Истражувањето на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, покажува дека во секторот на градежништво во Македонија се вработени 10.000 работници на возраст над 60 години. Се очекува овие лица да се заменат со 7.000 нови вработени додека дополнителни 5.000 да се вработат во секторот за имплементација на мерките за енергетска ефикасност.
Според Дафинка Саздова од градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори, недостатокот на работна сила е сериозен предизвик кој мора да се адресира системски.
- Градежните фирми се соочуваат со голем недостаток на работници од различен профил, гипсери, монтери, фасадери, тесари и слично, и голем број заминуваат во странство. Надлежните институции мора да дадат поддршка на приватниот сектор, како на пример даночни олеснувања за енергетски ефикасни објекти, за да може да се ослободи капитал кој би се насочил во подобрување на условите за работниците, посочи Саздова.
Форумот е дел од проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ финансиран од Европската унија и поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години