Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска промовираше иницијатива за субвенциониран студентски превоз за редовни студенти кои студираат надвор од местото на живеење. Претседателот на ФОП, Бленди Ходаи, изјави дека на министерствата за образование и наука и за транспорт им предлагаат модел на субвенционирање каков што има во Словенија.
Како што рече, предлогот има две опции – првата е месечна карта за десет патувања што би чинела околу 1.100 денари и втора опција е месечен билет за неограничен број на патувања што би чинел околу 2.150 денари. Нагласи дека со ваква субвенција ќе се намали финансискиот товар на студентите и нивните семејства.
- За жал, за студентите кои патуваат секој ден, цената за патување е во просек околу 500 денари што е прескапо за еден студент. Од 2022 година, откога почна руската агресија врз Украина, цените на билетите се покачени за 40 проценти поради кризата со гориво што беше тогаш. Но сега кризата со гориво и цените се стабилизирани, но цените на картите не се нормализирани и пак студентите плаќаат високи цени за патувањето, изјави Ходаи.
Посочи дека половината од 25 000 студенти на додипломски студии на УКИМ не се од Скопје и некои патуваат или секој ден или во викенди, а слично е, рече, и на другите универзитети во државата. Според Ходаи, студентите што користат секојдневно меѓуградски превоз за целото четиригодишно студирање трошат и до 11 илјади евра.
ФОП засега нема анализа колкав е бројот на студенти што секој ден патуваат од еден до друг град, со оглед дека голем број од нив се сместени во градот каде што студираат.
На промоцијата на иницијативата на ФОП присуствуваа заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу и пратеничките Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ и Моника Зајкова од ЛДП.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците