Форумот на жени на ЛДП бара родовото насилство најстрого да се санкционира
Пандемијата со Ковид-19 и домашната самоизолација не смее да биде изговор за толеранција или зголемување на домашното насилство. Да не дозволиме уште една жена да биде жртва на психичка и физичка тортура.
Итно и и без одлагање мора ваквото родово базирано насилство најстрого да се санкционира!!!
– Да им помогнеме на жртвите, а не да ги понижиме. Медиумите и граѓаните да го отстранат видеото со насилнички акт од Штип во кој се препознава жртвата.
– Да помогнеме навремено да се стопира било какво НАСИЛСТВО кон жената. Граѓаните кои се сведоци или имаат сознанија за било какво насилство да го пријават навремено, додека не биде предоцна.
– Да ги поттикнеме институциите да си ја завршат работата, а ние како единки ја подигнеме свеста и воедно ги охрабриме оние кои се жртви на насилство, да пријават, без двоумење.
Глобалната пандемија да ја претвориме во можност да покажеме емпатија, разбирање, толеранција и повеќе љубов еден кон друг, бидејќи на сите ни е потребна поддршка и секој човечки живот е вреден.
Форумот на жени на ЛДП смета и предлага:
1. Потреба од поголема застапеност на содржини за превенција и борба против родово базираното насилство, во медиумите.
2. Надлежните институции јасно да демонстрираат нетолеранција на насилство посебно во овој период на пандемија.
3. Превенција, препознавање на насилното однесување во предучилишна возраст и во онлајн материјалите за основното образование.
4. Јакнење на социо – емоционалните вештини кај децата.
5. Задолжителна едукација и работилници за булинг во училиштата.
6. Изработка на материјали со потенцирање на казнените одредби за секоја форма на насилство во семејството или надвор од него.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица