Форум „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст“
„Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст“, е темата на форумот што ќе се одржи денеска во Скопје, како дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, што ЕПИ ЦЕНТАР Интернешнл го спроведува во соработка со стопанските комори во Македонија.
Целта на форумот е да ги адресира моменталните предизвици и постојните бариери во процесот на интернационализација со коишто се соочуваат извозно ориентираните компании во Македонија. Воедно да овозможи интерактивна дискусија и размена на искуства со што ќе се увиделе можностите за зголемување на извозните капацитети на тие компании.
Најавено е учество на претставници на домашни и странски компании во државава.
Организаторот најавува обраќања на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, шефот на проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива и управител на ЕПИ ЦЕНТАР интернешнл, Љубомир Димовски и на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азевски.
Партнери на ЕПИ ЦЕНТАР интернешнл во проектот се Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на Стопански комори на Македонија.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка