Формирањето на ЗСО услов Србите да се вратат во институците на Косово
Политичкиот субјект на косовските Срби, „Листа српска“, е категоричен дека нема да се врати во институциите на Косово доколку не се стави на дневен ред формирањето на Заедницата на српски општини(ЗСО).
Пратеникот во косовскиот законодавен дом Ненад Рашиќ,изјави дека нивното враќање во институциите ќе биде тогаш кога ќе се расправа за формирање на ЗСО.
„Листа српска“ги бојкотира институциите на сите нивоа,во октомври минатата година,по усвојувањето на законот за „Трепча“ без нивна согласност како коалициски партнер на ДСК,на премиерот Иса Мустафа и ДПК, на Кадри Весели.
Поради неучеството на Србите во работата на косовскиот парламент,владејачкото мнозинство нема доволен број гласови и за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора,што е услов за добивање визна либерализација.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара