Формализирана соработката на Владата и ДКАФ за реформа на безбедносните и разузнавачките служби
Владата на Република Македонија потпиша Меморандум за разбирање за имплементација на реформа на секторот за безбедносните и разузнавачките служби на РМ за периодот од 2017-2020 со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДКАФ).
Премиерот Зоран Заев по потпишувањето на меморандумот со претседателот на ДКАФ Томас Гурбер рече дека соработката е клучна за враќање на довербата на граѓаните во оние институции од безбедносниот сектор кои во минатото беа означени како симбол на заробената држава.
- Со ова партнерство добивме на располагање тематско знаење, правна анализа и експертиза, вклучително и практична помош прилагодена на потребите за стратешки пристап кон реформите, рече Заев.
Посочи дека потпишувањето е важен печат за гаранција на контролните механизми со новиот законски пакет за реформи во разузнавачкиот систем и за заштита на човековите и граѓански слободи и права.
- Целта на новиот законски пакет е темелна реформа на системот на следење на комуникациите и концептот на работа на разузнавачките служби во овој дел. Се предвидуваат контролни механизми кои нема да дозволат самоволно прекршување на граѓанските и човекови прави и кои го минимизираат политичкото влијание врз можноста за незаконско и политичко прислушување, рече Заев.
Со новиот законски пакет, продолжи Заев, се формира Оперативно-техничка агенција ОТА, чиј директор ќе се избира со двотретинско мнозинство и дополнително Бадинтерово мнозинство.
- Ваквиот начин на избор беше договорен со опозицијата и тоа ќе биде најсилен гарант дека оваа институција ќе биде професионална и надвор од било какви политички влијанија. Овој законски пакет беше усвоен во консензус со опозицијата и тоа е нова вредност за реформскиот процес и гаранција, нагласи Заев.
Гурбер од своја страна истакна дека овој момент е кулминација на долги месеци блиски разговори меѓу Владата, ДКАФ и меѓународните партнери.
- Владата ги приоритизираше реформите во националните служби за безбедност и контраразузнавање. Важно е дека со ова, земјата се носи чекор поблиску до евроатлантските интеграции, рече Гурбер.
На потпишувањето присуствуваа повеќе амбасадори во земјава, меѓу кои на САД, ЕУ, Велика Британија, Германија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Хрватска.
ДКАФ е меѓувладина фондација во чиј основачки одбор Република Македонија членува од 2000 година.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија