Форкадељ и Пуџдемон ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори во Каталонија
Претседателката на каталонскиот парламент Карме Форкадељ ќе се кандидира на изборите на 21 декември и ќе ја предводи листата на партијата за независност „Каталонска републиканска левица“.
- Секогаш го бранев мирно и демократски она што мислам дека е најдобро за мојата држава. На 21 декември ќе продолжам тоа да го правам на листата на „Каталонската републканска левица“, напиша таа на Твитер.
Форкадељ се брани од слобода по обвинувања за бунт во Шпанија. Беше пуштена од притвор со кауција од 150.000 евра. Таа беше меѓу шесте сменети каталонски парламентарци кои сведочеа пред Врховниот суд во врска со нивната улога во напорите за прогласување независност на регионот, што беше забрането од Мадрид.
И сменетиот претседател на каталонската влада и лидер на движењето за независност на таа шпанска покраина, Карлес Пуџдемон повторно ќе биде главен кандидат на својата партија на изборите следниот месец, додека во Брисел се бори против екстрадиција во Шпанија. Во изјава за телевизијата Ел Пунт-Авуи тој рече дека „ја приведува кон крај“ листата на кандидати за парламентарните избори распишани од шпанскиот премиер Маријано Рахој. Пуџдемон најави дека кампањата ќе ја води од Брисел.
Според него, на листата ќе се најдат членови на неговата Демократска партија на Каталонија, но и сепаратисти без политичка позадина. Листата ќе биде во изборната трка под името „Заедно за Каталонија“.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот