Форин Офисот потврди за уапсени Британци, шверцери на оружје, во Грција
Британскиот Форин Офис потврди дека три лица, од кои двајца британски државјани, а третиот жител на Велика Британија, се уапсени во Грција, за илегален шверц на оружје и муниција.
Според наодите на грчката полиција, станува збор за припадници на криминална банда кои се обиделе преку грчка територија да префрлат во Турција 22 парчиња огнено оружје и десетици илјади куршуми.
Идентитетот на уапсените не се открива, но се вели дека барем еден од Британците има курдско потекло од Ирак.
Сите тројца побарале на судското сослушување, закажано за во вторник, да зборуваат на курдски јазик.
Оружјето и муницијата биле најдени во автомобилот и приколката што ја влечеле со себе, но претставник на полицијата изјавил за британските медиуми дека најденото оружје не се борбени пушки, туку дека станува збор за оружје кое единствено може да се употреби за обука.
Инцидентот се случил на влезот во пристаништето во грчкиот пограничен град Александрополис, на крајнот исток од Грција.
Британските медиуми јавуваат и за уште еден таков инцидент, во близината на граничниот премин на грчко-турската граница, кога во караван-возило (трејлер) со германски регистарски таблички, грчката полиција открила четири пиштоли од марката „Валтер“, многу муниција, осум двогледи за ноќно набљудување и пари во различни валути.
Турски лири и ирачки динари се откриени и кај тројцата уапсени од Британија.
Ново на Сител
-
Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“
-
Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!
-
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
-
УХМР: Следува период на претежно сончево време
-
Приведени две лица од тетовско и гостиварско, управувале возила со многу поголема брзина од дозволеното
-
Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина
-
За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење