Фонсека по драстичната казна од Лига 1: Чувствувам голема неправда!
Португалскиот тренер, Паоло Фонсека проговори за казната на дисциплинската комисија во Лига 1, која вчера и официјално го суспендираше на девет месеци поради нападот над судијата Бену Мило на натпреварот Лион-Брест.
Само што пристигна во Лион, темпераментниот тренер ќе мора да отсуствува од првенствените натпревари на својот тим во следните девет месеци, до 15 септември, во кои нема да може да влезе во соблекувалната, пред, за време и по натпреварите, како и да дели совети околу теренот.
Фонсека беше драконски казнет откако не се согласи со судиската одлука на мечот со Брест, кога по реакцијата од ВАР-собата, при резултат 2:1 за Лион, Беноа Мило размислуваше да досуди пенал за ривалскиот тим во самиот финиш на мечот.
Иако победата на крајот остана во рацете на Лион, бидејќи не беше досуден пенал, Фонсека претходно реагираше многу жестоко, влегувајќи во лицето на главниот судија, кој во таа прилика му додели црвен картон.
После тоа, Фонсека беше драстично казнет, а сега првпат се огласи на оваа тема, велејќи дека чувствува голема неправда поради одлуката на Лига 1.
-Сакам да останам фокусиран на играта, но чувствувам голема неправда поради оваа казна и сакам да кажам дека никогаш не сум го допрел судијата, ниту сум имал намера да бидам физички агресивен. Најважна ми е поддршката што ја чувствувам од клубот и од оваа неверојатна група играчи, изјави Фонсека.
Ново на Сител
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки
-
Протест пред Собрание во организација на иницијативата „Кој е следен“
-
Министерството за образование и СОНК потпишаа нова спогодба за раст на платите
-
Маркови Кули - комплетно неискористен туристички потенцијал на Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност