Фондацијата „Тиквешки вински пат“ изработи туристички пакети за дојдовен туризам

Фондацијата „Тиквешки вински пат“ изработи туристички пакети за дојдовен туризам заедно со Асоцијацијата на туристички агенции кои се бават со привлекување на дојдовни туристи, соопшти денеска директорот на Фондацијата, Виолета Јанкова.
- Овие туристички пакети многу наскоро ќе бидат промовирани пред јавноста, пред медиумите и лицата задолжени за развојот на туризмот во Македонија, како и пред претставници на винариите членки на Фондацијата кои во иднина ќе бидат во туристичките понуди за странските туристи, појасни Јанкова.
Таа информираше дека заедно со грчки партнери, работат на два нови проекта за прекугранична соработка.
- Проектите во вредност од околу половина милион евра, имаат за цел подобрување на инфраструктурата и едукацијата, кои се неопходни за развојот на туризмот, нагласи Јанкова.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
