Фон дер Лајен и Вучиќ најавија гасно поврзување на Србија со Северна Македонија
– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска за време на обиколката на работите на изградбата на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград во Јелашница најавија дека Србија ќе изгради гасна конекција со Северна Македонија, која ќе чини над 70 милиони евра, што ќе биде важно за диверзификација на изворите за снабдување со гас, јави дописникот на МИА од Белград.
Говорејќи за 500 милиони евра бесповратни средства од ЕУ во инвестиции во инфраструктурата, Фор ден Лајен спомена три проекти – Трансбалканскиот струен коридор од Италија преку Србија до Бугарија, изградбата на нова енергетски ефикасна Универзитетска детска болница и изградба на Гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија.
– Господине претседателе, вие ми објаснивте дека тоа е многу важно, а тоа е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, со што регионот ќе се комплетира. Сето тоа е во нашите проекти, изјави Фон дер Лајен.
Вучиќ на претседателката на Еврокомисијата и пренесе дека за Србија е многу важна оваа интерконекција и дела треба да се изградат околу 70 километри гасовод кон Северна Македонија од српска страна, а земјава да изгради уште 23 километри.
– Јас молам за овој проект, кој комесарот Оливер Вархеји и претседателката на ЕК, Урсула, веќе го прифатиле со Северна Македонија. Многу ни е важно со ова да стартуваме што поскоро, бидејќи денес во Скопје постои гасна електрана и ние и да имаме гас, не можеме директно да одиме со Македонците, туку преку Бугарија, па комплетен реверсен дел да правиме со нив и сето ова ни е многу важно, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека во иднина Србија мора да се поврзе и со Црна Гора и со БиХ и Република Српска и да тоа ќе биде можно по изградбата на гасната интерконекција со Северна Македонија.
– И тогаш ќе можеме да се поврземе и со Албанија и со Грција со ЛНГ терминалот за течен природен гас, како и со други извори. Тогаш ќе бидеме во многу подобра позиција кога станува збор за диверзификација на изворите на снабдување и особено за поврзување со гасоводите ТАП и ТАНАП и другите ЛНГ терминали, рече Вучиќ.
Тој потсети дека Србија ќе може да добива гас преку ЛНГ терминалот во Александрополис на северот на Грција.
Вучиќ на претседателката на ЕК Лајен и порача дека според предвидената цена, изградбата на гасната интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија ќе чини повеќе од 70 милиони евра.
Тој додаде дека соседните земји треба да си помагаат меѓусебно кога е во прашање гасот.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина