Фон дер Лајен: ЕУ има доволно гас за да може без увоз од Русија до крајот на зимата
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека членките на ЕУ веќе купиле доволно течен гас за да можат без увоз од Русија до крајот на зимата.
„Заедно со поголема заштеда на енергија и проширување на обновливите извори на енергија, ќе можеме да станеме независни“, рече Лајен во заедничката утринска програма на германските телевизии АРД и ЗДФ.
Во врска со различните одлуки за увоз на руска нафта, Фон дер Лајен рече дека САД, кои забранија таков увоз, се помалку зависни од нафтата. Целта, посочи таа, е санкциите првенствено да ја погодат Русија, а не западните земји.
Лајен изрази загриженост дека бројот на бегалци од Украина ќе биде многу поголем и дека ова е „само почеток“. Таа ја пофали подготвеноста на сите членки на ЕУ да прифатат бегалци, особено на соседите на Украина, Полска, Унгарија и Словачка.
На 8 март, Европската комисија претстави план за намалување на зависноста од увозот на руски гас за две третини до крајот на 2022 година.
Според планот, ЕУ ќе стане независна од руските фосилни горива до 2030 година.
Ново на Сител
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји
-
Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија за ублажување на последиците од пожарите