Фон дер Лајен: ЕУ да остави отворена врата за земјите од Западен Балкан
Германската министерка за одбрана и кандидат за претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика владите на земјите-членки на ЕУ да остават отворен пат за членството на земјите од Западен Балкан во Унијата.
Таа во обраќањето во Европскиот парламент кажа и дека се надева оти Велика Британија ќе остане во Унијата.
Сепак, таа исто така истакна дека Лондон мора да ги реши своите работи во врска со Брегзит, алудирајќи на она што земјите-членки на ЕУ го нарекуваат „недостаток на јасност од Лондон во однос на она што Велика Британија го сака во односите со Унијата во иднина“.
– ЕУ се заснова на принципи, порача Лајен, истакнувајќи ги приоритетите на нејзината идна политика, првпат откако беше номинирана за претседател на Европската комисија.
Фон де Лајен е предложена за нова претседателка на ЕК, за што ќе се одлучува следната недела од страна на пратениците во Европскиот парламент.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори