Фолклорната група „Копачка“ од Драмче најдобра на „Илинденски денови“

Здружението фолклорна група „Копачка“ од делчевското село Драмче е најуспешната група која презентираше традиционална музика и игра на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Стручното жири во кое членуваа професорот Владимир Јаневски на Музичка академија при УГД-Штип, професорката Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, Благица Илиќ и Тимко Чичаковски, и двајцата од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“-Скопје, одлучија да ги наградат и КУД „Илинден“-Битола за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра, додека наградата за најуспешна вокална изведба доби машкото вокално трио на КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце.
- Зад нас е исклучително одлично и незаборавно 47. издание на фестивалот во кој НУ Центар за култура-Битола максимално се вложува за организација и прием на гостите од државата и странство. Веднаш почнуваме со подготовки на фестивалот за наредната година, рече меѓудругото в.д. директорот Зоран Димовски, кој ги врачи наградите и подароците на учесниците на фестивалот „Илинденски денови“.
Според востановената традиција, во чест на наградените синоќа во античкиот театар на Хераклеа Линкестис се одржа целовечерен коцерт кој оваа година го приредија членовите на ансамблот „Македонија“ од Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
