Фока се вдомила во тоалет на гробишта во Австралија
Една жена се „извадила од памет“ кога во тоалетот на локалните гробишта во градот Девенпорт на австралискиот остров Тасманија, наишла на фока што спиела во една од Ве-Це кабините.
Како што јавија австралиските медиуми, во целиот случај уште поголемо изненадување е фактот што 120 килограми тешка фока е пронајдена на половина километри оддалеченост од најблиската водна површина.
- Мислевме дека станува збор за шега кога ни кажаа. Многу е необично да се најде фока толку далеку на копното. Постојат мали потоци на околу половина километри од тоа место, но фоката сепак морала да помине долг пат и неколку огради за да дојде до гробиштата, изјави претставничката на локалната полиција Карин Мур.
Претставници на локалната комунална служба организирале транспорт на фоката до блиската плажа и ја пуштиле во водата.
Биологот Рејчел Алдерман за радиото Еј-Би-Си изјави дека австралиските фоки често се појавуваат на бреговите на Тасманија.
- Досега ги наоѓавме низ цела Тасманија. Во дворовите, во заградени простори..., а сега на тој список можеме да дададеме и тоалети на гробишта, изјави таа.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Мерката училишна кошница е во тек
-
Модернизација на Националниот електронски систем за документи
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот