Свет
15. February 2018 - 15:46

Флорида: Напаѓачот обвинет во 17 точки за убиство во средното училиште

Напаѓачот во средното училиште во Паркленд на Флорида обвинет е денеска во 17 точки за убиство со предумисла.

Николас Круз е одведен во затворот во округот Бровард во болничка облека откако по нападот бил хоспитализиран поради отежнато дишење.

Круз, поранешен ученик во тоа училиште, отвори оган и уби 17 луѓе во училиштето Марџори Стоунман Даглас во градот Паркленд на околу 70 км северно од Мајами.