Фудбал
4. March 2025 - 10:28

Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е против можното враќање на бразилскиот фудбалер во Барселона. Тој се сомнева во ползата што би ја имал неговиот тим поради возраста и физичка кондиција на нејмар, пишува „Diario Sport“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да се врати во каталонскиот клуб, а Барселона е подготвена да размислува за потписот на напаѓачот доколку тој постигне 15 гола за Сантос до крајот на сезоната.

Сепак, Флик преферира млади играчи и интензивен фудбал.

Предлогот за враќање на Нејмар официјално не се разгледува во клубот, што укажува на недостиг на консензус во спортското раководство. Дополнително, потписот на Бразилецот може да го попречи и неизвесната финансиска состојба на Барселона.