Флекс Кредит се стекна со признанието најголем корпоративен донатор за 2022 година во СОС Детско село
Големо е задоволството да се помага онаму каде што е најпотребно.Признанијата кои се доделени од искрените детски насмевки се најдраги. Tокму една таква убава манифестација се случи минатата недела каде организатори беа СОС Детско Село и под мотото “Едно семејство” и слоганот “Лесно е да чиниш добро, кога многумина помагаат” ги собраа сите пријатели, поддржувачи, компании и индивидуалци кои изминатата година беа најголеми поддржувачи на работата и пред се мисијата на нивната организација.
Како покровител на настанот се појави и Првата дама на Р.Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска а компанијата Флекс Кредит се стекна со признанието за НАЈГОЛЕМ КОРПОРАТИВЕН ДОНАТОР за 2022 година.
Општествената одговорност секогаш е една од приоритетните мисии на Флекс Кредит со стремеж нивниот пример да го следат и другите компании и поединци. Флекс Кредит, минатата година ги донираше парите кои беа наменети за роденденска прослава на компанијата, организираше Јуниор пикник ден, каде децата на вработените од компанијата се дружеа со дечињата од СОС детско село, учествуваше како спонзор на хуманитарниот новагодишен концерт и подели пакетчиња на сите дечиња штитеници на оваа оргазнизација. Од компанијата Флекс Кредит велат дека овие настани треба да бидат поттик и за останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи, бидејќи само на тој начин може да се создаде општество кое ќе функционира како едно семејство.
Убавите приказни продолжуваат и понатаму, преку новата платформа за спонзорства и донации, преку која се планирани се уште повеќе донации и заеднички дружби.
Затоа што секоја насмевка е важна!
Ново на Сител
-

Запален луксузниот „Брабус“ на Бака Прасе вреден 500.000 евра | ФОТО
-

Во Русија и во повеќе од 20 други земји ќе се одбележи втората годишнина од смртта на Алексеј Навални
-

МОН почнува со посета на универзитетите во рамки на јавната дебата за Законот за високо образование
-

Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг и седница на земјоделската комисија
-

Украинска делегација отпатува за Швајцарија за разговори со Русија и САД
-

Рубио ќе се сретне со Орбан на разговори за енергетика
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи
-

Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
