-->
-->
ФК Вардар ќе игра во Маџари
-->
По ФК Работнички и ФК Вардар одлучи прволигашките натпревари да не ги игра на Националната Арена Филип Втори. Причина високите цени за наемнина на нашиот најубав стадион.
Шампионот како домаќин ќе игра во населбата Маџари. Стадионот „Борис Трајковски" ќе биде новиот бастион на „црвено-црните", кои се селат од Арената, поради високите цени за изнајмување.
Дневен термин за натпреварите од домашното првенство чинат 3 илјади евра со ДДВ, а ноќен термин е двојно поскап.
Вардарци реагираа на високите цени, пред се за европските мечеви, но тука немаат избор, бидејќи само националната арена ги има сите услови за натпреварите под капата на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
-

Рушење и експропријација, Штип добива нов урбан изглед
