ФК Силекс: Која е целта и за чии интереси се воведува системот плеј-оф и плеј-аут фаза?!

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Почитувани,
По повод новонастанатата ситуација во нашата земја во врска со вирусот CoVid-19, ФК Силекс нестрпливо ја чека одлуката на македонските извршни и фудбалски власти со иднината на сезоната во нашиот шампионат.
Со оглед на ситуацијата,сакаме да потенцираме дека здравјето на фудбалерите и фудбалските работници мора да остане на прво место,а потоа да се размислува на спортскиот и натпреварувачки дел.
ФК Силекс остро реагира на најавите на Фудбалската Федерација на Македонија за можното сценарио за продолжување на шампионатот во систем плеј-оф и плеј-аут фаза (без испаѓање).
Господа од ФФМ,сакаме јавно да Ве прашаме:
Која е целта и за чии интереси се воведува системот плеј-оф и плеј-аут фаза.
Ако 90% од пласманот на табелата е реализиран,особено што нема да има испаѓање од лигата тогаш се прашуваме зошто би се ризикувало здравјето на фудбалерите и фудбалските работници за доигрување на првенстовото.
Кој би имал интерес и кој ќе ја понесе одговорноста доколку коронавирусот се појави меѓу фудбалерите и сите учесници во организација на натпреварите.
Исто така,сакаме јавно да Ве прашаме:
Што ќе се случи ако повторно се прекине првенството.
Кој ќе ги плати трошоците на екипите,кој ќе го превземе ризикот од евентуални повреди на фудбалерите поради краткиот период за подготовки.
Бидејќи топката е префрлена на клубовите, тогаш ФК СИЛЕКС ќе ги почитува законите на својата држава во целост а тоа се:
На 15.06.2020 се отвараат границите на нашата земја вклучувајќи 14 дневна самоизолација за странци кои не се транзит и остануваат во нашата држава за вршење дејност минимум 14-21 ден колективен заеднички тренинг за усогласување на тактика.
За крај да напоменеме дека, ФК СИЛЕКС е во состојба после 25.07.2020 да го продолжи првенството во целост според системот, 36 кола со испаѓање и влез во ПМФЛ како што е во законот за сезоната 2019/2020.
ФК СИЛЕКС повикува на разумна одлука и фудбалски компромис како не би се нанела штета на никого.
Спортски поздрав
Ново на Сител
-

Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација
-

Кој стои зад обидите да се изигра спортската јавност? Кикбокс Маитаи федерацијата со жесток одговор
-

Астрономски цени на недвижности во Србија - 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, гаражно место 66.000 евра
-

Изминатите четири дена приведени седум лица за безобзирно управување на возило, 2415 сообраќајни прекршоци
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
